СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Трајче Ѓоргиев, момчето кое не освои со својот глас!
За овонеделна симпатија го одбравме малиот Трајче Ѓоргиев, момчето кое ни доаѓа од Струмица и кое сите го запознавме пред неколку години кога се натпреваруваше во музичкото шоу „Пинкове ѕвездите“.
Таму, Трајче го освои второто место, а за многу кратко ги освои симпатиите, како кај македонската, така и кај Балканската публика. Зад себе има многу награди и признанија, меѓу кои и наградата Златна бубамара на популарноста за Откритие на годината.
Ова 18 годишно момче ветува многу кога е музиката во прашање, плени со својот глас, а во тоа се уверивме и од последното видео кое тој го сподели со фановите, каде што го пее легендарниот евергрин на Драган Мијалковски, „Кажи ми“.
И.М.