Син ми го малтретираат на училиште бидејќи носи фустани: Меган Фокс се расплака среде интервју

Син ми го малтретираат на училиште бидејќи носи фустани: Меган Фокс се расплака среде интервју

Објавена во: Живот // Живот

Тазе верената актерка Меган Фокс заплака во неодамнешното интервју за „Glamour UK“, додека зборуваше дека нејзиниот најстар син Ноа го малтретираат на училиште.

Како што вели мајката на три синови, срцето ѝ се крши поради суровоста на децата со кои нејзиниот син ги дели училишните клупи.

„Имам дете кое страда. Имам многу грижи околу тоа, бидејќи би сакала луѓето да не се такви“ - кажа Меган за својот најстар син.

Актерката и порано отворено зборуваше за тоа дека нејзиниот син сака да носи фустани. Уште кога имаше само две години фустаните му беа подраги од панталоните, тврди Меган. Во меѓувреме, како што кажа таа во интерјуто, прочитала многу книги на таа тема, меѓу кои и оние кои ги напишале трансродни деца.

Изборот на облека кај својот син го гледа како негов начин да се изрази.

„Некои од тие книги зборуваат само за тоа како можете да бидете момче и да носите фустан; низ облеката може да се изразите како што сакате. А, тоа дури не мора ни да има врска со вашата сексуалност.“ - кажа.

Додека дека со години работи на тоа да го поттикне Ноа и неговите браќа, да се прифатат онакви какви што се. За жал, како што вели, другите луѓе се тие кои имаат проблеми со личниот избор на нејзиниот син.

Истакна дека фактот што поради работата мора многу да патува и да ги остава синовите ѝ го крши срцето.

„Би сакала да ги земам со мене, тоа би ги олеснало работите. Тешко ми е, не само поради притисокот од општеството, туку затоа што сум разделена од нив. Тие се моја ДНК“ - додаде.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: