Синот е слика и прилика на неговата мајката, а ќерките копија таткото: Ретка фотографија од Сара Џесика Паркер со целото семејство
Познатата актерка и нејзиниот сопруг и популарен актер вообичаено не ги покажуваат децата, но сега направија исклучок додека уживаа на Олимписките игри во Париз.
Холивудската актерка Сара Џесика Паркер е една од најголемите ѕвезди во изминатите децении, а припаѓа на познатите личности кои не го експонираат приватниот живот, па нејзините најблиски најчесто ги гледаме на папарацо фотографии.
Нејзиниот сопруг и познат актер Метју Бродерик и таа ретко ги покажуваат своите три деца пред јавноста, но сега направија исклучок со тоа што споделија како уживале во престојот во Париз, каде што присуствувале на Олимпијадата.
Ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ позираше со сопругот, синот Џејмс (21) и близнаците Табита и Лорета (15), а семејството беше насмеано и гушкано пред стадионот.
Слаткиот семеен портрет на Инстаграм го сподели нивниот син Џејмс Бродерик со натпис:
- Прилично кул!
Џејмс објави уште неколку драгоцени спомени од Олимписките игри во Париз.
Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик, кои се во брак од 1997 година, ретко ги покажуваат своите деца на обожавателите, а неодамна актерката на Инстаграм сподели детал од нивната 15-ти роденденска забава.
Фото: Инстаграм
Извор: Glossy.espreso.co.rs