Синот на Аки Рахимовски со емотивна порака се прости од својот татко: Овие зборови ќе ја скршат душата
На 66 години, изненадно почина Аки Рахимовски. Неговиот син, денес со емотивна порака се прости од својот татко...
Веста за смртта на Аки потресе многумина. Бројни колеги се простуваат од него, а најемотивните зборови му ги посвети неговиот син. Тој на Инстаграм објави заедничкa фотографиja под коja напиша:
„Мојот татко замина препрано. Многу препрано. Луѓето велат дека Бог така сакал. Бевме повеќе со песна отколку со зборови, поинаку не знаеше, не знаше со главата да се симнеш од сцената па само со песна ти приоѓав. А, можевме повеќе татко мој. Болиш неописливо. Утеха ми е дека ќе имам барем дел во своите песни, како и во оние што ми ги остави. Но, сега тоа не ми е доволно. Луѓето знаеја сѐ за нас, а ништо не знаеја. Знаевме само ти и јас. Ми фалиш тато, на сите ни фалиш“ - напиша.
„Татко мој сега одмори се, па рокај горе со екипата. Луѓе мои ви благодарам на сите во име на целото семејство Рахимовски на зборовите полни со поддршка, на сите пораки, повици... И на вас ви значеше, бидејќи беше голем. Татко мој пред неколку дена ми кажа: „Сине и јас те сакам, ајде бегај таму и се гледаме“. Се гледаме тато еден ден. Збогум тато, те сакам тато. Се гледаме“ - заврши Кристијан.