Синот на Боби Браун пронајде мртов: Раперот по смртта на ќерката која ја имаше со Витни Хјустон, го погреба и наследникот
Боби Браун Јуниор, синот на пејачот и продуцент Боби Браун, почина во својот дом во Лос Анџелес.
Причината за смртта се уште не е соопштена. Неговиот брат, Лендон, сподели црно - бела фотографија од покојното момче, со порака „те сакам засекогаш“.
Пред Боби Јуниор, почина и ќерката на Боби Браун, Боби Кристина Браун. Таа почина во јули 2015 година, од последица на оштетување на мозокот. Пред тоа помина шест месеци во кома, а е пронајдена без свест во бањата, во својот дом во градот Розвел, Џорџија.
Таа е погребана во Њу Џерси, покрај нејзината мајка, познатата пејачка Витни Хјустон, која почина во 48 - та година од предозираност.
Боби Браун, кој во 90 - тите години се прослави со хитот „My prerogative“, често зборуваше за својата покојна ќерка, а планираше и да изгради дом за жените кои се жртви на семејно насилство, како знак на сеќавање на неа.