Синот на Џон Бон Џови ѝ го освои срцето: Мили Боби Браун официјално потврди дека е во врска

Синот на Џон Бон Џови ѝ го освои срцето: Мили Боби Браун официјално потврди дека е во врска

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Веќе некое време се зборуваше дека актерката Мили Боби Браун има нов избраник, но дури сега од неа добивме и официјална потврда на нејзиниот Инстаграм профил. Таа откри дека е во среќна врска со Џејк Бонџови, синот на познатиот рокер, Џон Бон Џови.

Џејк инаку има 19 години, што значи дека е две години постар од Мили. Додека Мили објави фотка на која се бакнуваат, тој објави фотка на која се гледа дека се на кафе.

Гласините дека тие двајца се заедно започнаа минатото лето и откако беа видени во Њујорк како се шетаат држејќи се за раце. Пред него, Мили беше во врска со инфлуенсерот Џејкоб Сарториус, но таа врска е завршена уште во 2018 година.

Мили моментално е во Британија, каде го снима продолжението на својот филм „Enola Holmes“, а каде го глуми токму тој лик, претставен како млада сестра на Шерлок Холмс. Освен тоа, секако дека ќе ја гледаме и во четвртата сезона на „Stranger Things“, а која конечно ќе се појави во 2022 година.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: