Синот на Џон Бон Џови не сака да оди по стапките на татко му: Младиот Џејк одлучи со што ќе се занимава

Синот на Џон Бон Џови не сака да оди по стапките на татко му: Младиот Џејк одлучи со што ќе се занимава

Објавена во: Совети // Семејство

Синот на Џон Бон Џови, Џејк (20), не планира да тргне по стапките на својот татко, фронтменот на групата Бон Џови.

Наместо тоа, ова младо момче планира да продолжи да ја гради својата актерска кариера, а тоа го потврди за магазинот „Man About Town“.

На прашањето дали сака музичка кариера кажа: „Мислам дека тоа ќе му го препуштам на својот татко“.

„Секогаш свиреше музика во домот додека растевме, сите различни жанрови од сите различни места на светот. Но, она што ми го зборуваа беа луѓето на екранот, а не гласовите од звучникот“ - додаде синот на Бон Џови.

Џејк, кој е во врска со актерката од серијата „Stranger Things“, Мили Боби Браун (18), вели дека искуството на неговиот татко во индустријата му било од голема корист.

„Да се има влијаеното на мојот татко беше прекрасно погрешно учење. Прекрасно е да се слушне директно од изворот во прво лице, неговото искуство доаѓа преку уметничкото изразување“ - кажа синот на музичарот и додаде:

„Сѐ додека можете да имате свој идентите - кои сте и што сте планира да направите - и да го одржите силен, тоа е цел“.

Инаку, смаиот Џон Бон Џови глумеше, а имаше улоги во филмоте „Moonlight“ и „The Leading Man“.

Џејк, кој се пресели од Лондон во Њујорк за да се занимава со глума, кажа: „Она што го делам со својот татко е нашата љубов кон филмовите“.

Освен Џејк, Џон Бон Џови ги има и синовите Џеси (25) и Ромео (16), како и ќерката Стефани (28) со сопругата Доротеа Харли (59).

Музичарот ја запозна Доротеа во 1980 година, додека посетувал средно училиште во Њу Џерси.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: