Синот на Ѓуле Ван Гог е копија на својот татко: Зрелоста дефинитивно ја има наследено од мајка му (ФОТО)
Музичарот истакна дека со наследникот има другарски однос...
Ѕвонимир Ѓукиќ, на јавноста познат под уметничкото име Ѓуле Ван Гог, повеќе од четвртина век ужива во бракот со сопругата Јулија, со која го доби синот Симон. Заедно со сопругата се труделе да му обезбедат сѐ што му е потребно, но исто така го научиле и на вистинските вредности.
Музичарот својот приватен живот не го експонира во јавноста и така публиката немала можност досега да го види неговиот наследник. Симон има 24 години, амбициозно момче е.
Гордиот татко истакна дека тој и неговиот наследник имаат вистински другарски однос, и дека само физички личи на него.
„Многумина велат дека Симон е физички моја копија, го вози позитивна и чиста енергија, но одмереноста и зрелоста дефинитивно ги има повлечено од мајка му“ - кажа тој.
Исто така, Ѓуле во една прилика посочи дека неостварена желба му е тоа што нема повеќе деца.
„Единствениот неостварен сон сите овие години беше куќа полна деца, но рабтоата со која се занимавам е таква каква што е и би било неправедно таа куќа полна деца само понекогаш да го гледа таткото. Така што оваа одлука е исправна“.
фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм