Синот на Хари го видел само 3 пати: Кралот Чарлс за време на здравицата по крунисувањето упати емотивна порака до Арчи
Иако нема можност да ги гледа, кралот не ги заборава своите најмлади внуци...
Кралот Чарлс Трети официјално беше крунисан за крал во присуство на неговите најблиски во Вестминстерската опатија на 6 мај, во Лондон. Но, не сите најблиски застанаа покрај него за време и по церемонијата.
Најмладиот син на кралот, принцот Хари, сè проследи од третиот ред, додека неговата сопруга Меган Маркл, синот принцот Арчи и ќерката принцезата Лилибет останаа во Америка.
Кога беше завршена церемонијата, кралското семејство - без Хари, кој веднаш по церемонијата замина од земјата, се собра во Бакингемската палата, каде беше одржан свечен ручек.
Новокрунисаниот крал тогаш ја крена чашата и одржа здравица за своите најмили, а „Daily Mail“ јавува дека посебно емотивен бил моментот кога Чарлс ги споменал своите вници кои не биле со него на тој важен ден и кога му го честитал роденденот на Арчи.
Како што тврди неименуваниот извор, кралот кажал дека „наздравува за оние кои не се тука“ и кажа: „Среќен роденден на Арчи, каде и да е“.
„Очигледно, тоа беше најубавиот момент“ - искоментира анонимниот извор.
Арчи Маунтбатен Виндзор, кој родителите однеодамна го претставуваат како принцот Арчи, тој 6 мај, најполни 4 години, а роденденот го прослави во Калифорнија, каде живее со родителите и едногодишната сестра Лилибет.
Кралот Чарлс, колку е познато за јавноста, Арчи го има видено само 3 пати и тоа кога бил бебе, односно додека принцот Хари и Меган Маркл живееле со него во Англија.
фото: Принтскрин / МРТВ