Синот на Хари и Меган порасна: Арчи лази и има две запчиња

Синот на Хари и Меган порасна: Арчи лази и има две запчиња

Објавена во: Совети // Семејство

Синот на прицот Хари и Меган Маркл сега може да лази и има две запчиња. На 6 ноевмри Арчи наполни 6 месеци. Неговите горди родители го открија ова на појадокот со британските воени семејства, објави Daily Mail.

Војводата ги пофали семејствата кои живеат одвоено поради своите должности. Тој, исто така, изрази искрено сочувство на оние кои не се во можност да го следат растењето на своите деца.

„Неверојатно е тешко. Јас се восхитувам на овие луѓе. Не можам да замислам како е да пропуштите толку време со своите деца, тие растат многу брзо“ - рече прицот Хари, кој исто така служеше во армијата.

Хари и Меган разговарале со родителите чии деца биле на возраст со Арчи и размениле искуства. За време на состанокот, принцот си играл со децата, а неговата сопруга љубезно се поздравувала со секој до нив. Неколку деца и подариле букети на војвотката од Сасекс.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: