Синот на Мадона брутално ја навредувал и не сакал да живее со неа: Сепак, пејачката од едно нешто никогаш не се откажа
Роко, синот на Мадона и Гај Ричи, конечно ги закопа воените секири со мајка си, а доказ за тоа се роденденските фотографии.
Со години низ медиумите се провлекуваа наслови за односот на Мадона и нејзини син Роко Ричи, кој го доби во бракот со познатиот англиски режисер, Гај Ричи.
Синот на поп дивата, за жал не израсна со мајка му и тоа по своја волја, а во одреден период не само што не сакаше да ја види, туку и јавно ја нарекуваше со најпогрдни имиња.
Колку приказната своевремено излегувала од контрола, сведочи и фактот шот Роко ја одбил одлуката на судот од Британија, каде што живеел со татко му, да се врати кај пејачката. Битката околу старателството започнала, бидејќи Роко не сакал повеќе да патува со неа на турнеите, туку сакал да биде на едно место со својот татко. Тој се преселил на него, а дури и кога судијата во еден момент донел одлука Роко да се врати кај мајка му, момчето не го сакало тоа.
Наследникот на Мадона, кој во еден момент ги избриша сите фотографии од социјалните мрежи, во одреден момент беше повеќе од остар кон Мадона, обраќајќи ѝ се разни погрдни зборови.
Сепак, пејачката никогаш не се откажа од односот со својот син, а судската борба со поранешниот сопруг станала толку ужасна што и самиот судија ги молел да се смират и вразумат.
За среќа, со текот на времето, конфликтите помеѓу мајката и синот стивнале, а првиот голем пресврт се случи во јуни оваа година, кога Роко се појави на Модната недела во Париз, за да ја поддржи својата сестра Лурдес.
Тоа воедно беше и негово прво јавно појавување со оглед на тоа што со години ги избегнуваше светлата на рефлекторите, иако дури во еден момент посака да се занимава со еден вид јавна работа, односно се обиде да биде манекен, но од тоа брзо се откажа и својата среќа ја пронајде во уметноста.
Го избриша стариот Инстаграм профил и отвори нов, на кој има фотки на кои се облекува во стилот на 50-тите и 60-тите години од минатиот век, а познато е и дека студира применета уметност.
Дека сликарскиот занает му оди добро, сведочи и информацијата која се појави во медиумите, а тоа е дека своите слики ги продава во една галерија. Цената е вртоглава, а наевтиното дело што може да се купи чини „само“ 24.000 евра.
Уметничките дела не ги продава под своето име, туку под псевдонимот „Rhed“.
Како што стојат работите, критичарите веќе се благонаклонети кон неговата работа, и на страниците на галеријата може да се прочита:
„Rhed е млад уметник во подем, чија културна позадина и разновидна и неконвенционална. Неговото детство поминало помеѓу Њујорк и Лондон, што му дало разновидна уметничка позадина“.
Мадона повеќе пати на својот профил ги споделува делата на својот наследник, а сега изгледа дека конечно сите лоши работи ги оставиле зад себе. Имено, таа неодамна го прослави 64-от роденден во Сицилија, а на поп дивата, покрај близначките Естер и Стела, друштов ѝ правеше и синот Роко, кој и самиот неодамна наполни 22 години.
Гордата мајка го сподели посебниот момент на профилите на социјалните мрежи со зборовите: „Од еден до друг Лав. Среќен роденден Роко.“
По оваа објава многумина се убедени дека конечно пристигнале светлите моменти за мајката и синот.
фото: Принтскрин / Инстаграм