Синот на Меган и принцот Хари од баба Елизабета посакал необичен подарок: Сите коментираат само едно нешто

Синот на Меган и принцот Хари од баба Елизабета посакал необичен подарок: Сите коментираат само едно нешто

Објавена во: Совети // Семејство

Кралицата има 12 правнучиња, а сака секое од нив да добие совршен подарок за Божиќ...

Принцот Хари го откри божиќниот подарок кој му го купила на неговиот двегодишен син Арчи минатата година - и тоа било токму она што го сакал.

Но, необичниот подарок, кој кралицата го нарачала и испратила во Лос Анџелес откако го предложила Меган Маркл, го остави ТВ водителот Џејмс Корден потполно збунет, кога Хари откри што е во прашање, за време на интервјуто за „The Late Night Show“ порано оваа година.

Меган и Хари сакаат практични подароци

Додека одеа во обилколка на градот со отворен автобус, Џејмс го прашал Хари за татковството, неговиот живот во Америка и напуштањето на кралското семејство.

Говорејќи за подарокот од кралицата, Хари кажа: „Мојата баба не праша што сака Арчи за Божиќ, а Меган кажа апарат за вафли. Затоа ни испрати апарат за вафли за Арчи, така што Меган сега за појадок прави преубава органска мешавина, во апаратот за вафли. Тој тоа го сака. Сега имаме вафли за појадок, малку јогурт, малку џем на врвот. Тоа е вистинска работа. Бобинки, малку мед“.

Џејмс го прекина, велејќи: „Не можам да замислам кралицата да нареди да се испрати во Санта Барбара апарат за вафли. Не можам да го сфатам тоа“.

„Не знам ни како да го прокоментирам тоа. Арчи се буди наутро и буквално вели „вафли“ - одговори Хари.

Вилијам и Кејт сѐ уште ја немаат запознаено Лилибет

Оваа година Хари и Меган ќе го поминат својот прв Божиќ како четиричлено семејство, откако во јуни се роди нивната ќерка Лилибет.

И покрај тоа што веројатно ќе добијат подароци од кралицата, еден кралски експерт вели дека Арчи и Лилибет може да очекуваат подароци и од принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ.

Божиќ најверојатно ќе го поминат во Калифорнија, додека Вилијам и Кет ќе бидат во Сандрингем со децата Џорџ, Шарлот и Луис.

Последниве месеци многу се зборуваше за односите помеѓу браќата Вилијам и Хари, а во интервјуто со Опра Винфри во март, Хари потврди дека Вилијам е „заробен“ во кралскиот систем.

фото: John Stillwell/GETTY IMAGES


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: