
Синот на поранешниот Претседател Ѓорге Иванов: Како изгледа денес
Иван Иванов е
син единец на поранешниот македонски
Претседател Ѓорге Иванов и Маја, има 27 години, а студираше на Правниот
факултет на државниот универзитет, отсек политички науки.
Тој е познат како голем љубител на добрата рок музика. Освен што свири гитара, пред неколку години се појави и во улогата на диџеј, заедно со Васко Тодоров (Тошо Малерот од К15) во Галерија 8, каде имаше неколкучасовен сет со најголемите рок хитови.
Љубовта кон музиката во неговото семејство била секогаш присутна и можеби пресудна и тој да стане голем љубител на истата.
Исто така, во изминатите години тој беше редовен на сите поголеми рок концерти и значајни музички настани во земјава и често се фотографираше со големите музички ѕвезди кои имаа настапи.