Синот на Сара Џесика Паркер глумел во „Сексот и градот“: Во впечатливата сцена се појави заедно со мајка му
Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик во 2002 година го добија синот Џејмс, а тој уште како бебе се појави во серијата „Сексот и градот“...
Првите две епизоди од серијата „And just like that“ покренаа лавина коментари на социјалните мрежи по премиерата и сите зброуваат за продолжението на приказната на култната серија „Сексот и градот“.
Сара Џесика Паркер, која го глуми главниот лик Кери Бредшо, во Њујорк се појави во друштво на сопругот Метју Бродерик и синот Џејмс, а американските медиуми не престануваат да коментираат дека Џејмс израснал во згодно момче.
фото: GREGORY PACE / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIAАктерската двојка пред олтарот застана во 1997 година пред на малите екрани да се емитува првата епизода од „Сексот и градот“ на малите екрани.
На почетокот на новиот век двојката одлучи да го прошири своето семејство, а во 2002 година на свет дојде нивниот син Џејмс Бродерик.
Во тоа време Сара ја снимаше популарната серија, а продуцентите успешно ја сокрија нејзината бременост.
Познатата актерка никогаш не криеше колку е поврзана со серијата и Кери која долги години ја глумеше, а во еден момент дури изразила желба и нејзиниот син да биде дел од таа приказна. Така, Џејмс како бебе дебитирал пред камерите, а малку кој знае за која сцена станува збор.
Имено, Џејмс се појави во епизодата во која Кери случајно го сретнува поранешното момче Ејдан Шо. Тој го глумеше синот кој го имаше Ејдан, а кога се сврте кон актерката, момчето видно ѝ се израдува на својата мајка.
Сара Џесика Паркер во 2009 година ги доби и близнаците Марион и Табита, а девојчињата се немаат појавено на сетовите со мајка им.
фото: SUPPLIED BY LMK / LANDMARK / PROFIMEDIA