Синот на Соња и Јохан Тарчуловски се занимава со спорт: 14-годишниот Младен израсна во вистински фраер (ФОТО)
И тој, како неговата постара ќерка Мелани се одлучи за јавна професија...
Македонската пејачка Соња Тарчуловска и нејзиниот сопруг Јохан Тарчуловски, како плод на својата повеќегодишна љубов ги добија три деца - ќерките Мелани и Јоана и синот Младен.
18-годишната Мелани веќе сите добро ја знаеме, таа веќе тргна по стапките на својата позната мајка, па така веќе неколку години се бори за своето место на музичкото небо. Се појави и во овогодинешната сезона на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, но за жал, тремата си го направи своито и не успеа комплетно да заблеска на голема сцена.
Јоана е сѐ уште мала и нема откриено со што би сакала да се занимава, но затоа нивното второ дете, синот Младен веќе успешно ја гради својата кариера. Имено, тој сега е веќе тинејџер и слободно можеме да кажеме дека е голем фраер. Тренира ракомет во ракометниот клуб Алкалоид и полека, но сигурно на теренот ги покажува своите квалитети.
Ова го открија неговите родители, Соња и Јохан, кои минатиот месец со фотографија од теренот му го честитаа именденот.
фото: Принтскрин / Фејсбук