Сите го копираат танцот на Венсдеј Адамс: Ѕвезди кои се покажаа како најуспешни во овој предизвик (ВИДЕО)
Што мислиш ти - кој е најдобар?
ТикТок експлодираше од видеата на луѓето кои се обидуваат да ги изимитираат чекорите кои Венсдеј ги изведе на својата матурска вечер, на хитот „The Goo Goo Muck“.
Со милионите обожаватели ширум светот, кои се вклучија во овој предизвик, тука се и познатите ѕвезди кои на своите социјални мржеи објавуваа како изгледа кога тие ја изведуваат кореографијата од планетарно популарната серија на Нетфликс.
Погледнете го танцот на Венсдеј Адамс во изведба на познатите и проценете кој беше најуверлив:
# Лејди Гага
Пејачката помеѓу првите се приклучи на овој предизвик и ја изведе виралната кореографија на својата песна „Bloody Mary“.
@ladygaga BLOODY WEDNESDAY #fyp original sound - heyy
# Ким Кардашијан и Норт Вест
Норт е многу активна на ТикТок, па не е ни чудно што и таа сними видео со својата позната мајка.
@kimandnorth original sound - heyy
# Камила Кабелјо
Кубанско - американската пејачка е голема обожавателка на сериите на Нетфликс. И таа се облече во црн проѕирен фустна со корсет, стави темен кармин на усните и го изведе виралниот танц.
@camilacabello today I hope you 1. dance. 2. vote for Morgan Myles to win the voice. @morganmyleslive original sound - heyy
# Мај Маск
Мајката на Илон Маск, најбогатиот човек на планетата, е уште една од познатите личности во низата која се приклучи на овој предизвик. Иако е повозрасна, на помладите генерации им покажа како се прави тоа.
@mayemuskofficial #wednesday #wednesdayaddams #wednesdaynetflix #dance @annashermanofficial #CAAFashion #Model #MayeMusk #itsgreattobe74 som original - ZITRILOGY
# Ентони Хопкинс
84-годишниот актер е голем обожавал на сериите, што може да се види од некои негови поранешни објави на Инстаграм. Но, со последната објава на Инстаграм го спои неспоивото. На своите пријатели им ги честиташе празниците со песната „Dance Me To The End of Love“ од Леондард Коен, изведувајќи ги чекорите во стилот на Венсдеј Адамс. Навистина креативно.
фото: Принтскрин / ТикТок