Сите мислат дека долгите и вештачки нокти се незгодни: Девојка покажа што сè може да прави со нив

Сите мислат дека долгите и вештачки нокти се незгодни: Девојка покажа што сè може да прави со нив

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Долгите и вештачки нокти очигледно не се толку голем проблем како што сите мислат...

Долгите нокти се тренд веќе неколку години, а особено оние кои се вештачки и толку долги што сите понекогаш се прашуваме, како таа личност може да направи било што со толку долги нокти? Една од тие девојки одлучи да им одговори на сите, па сними видео во кое ги објави сите вообичаени работи што ги прави во текот на денот и покажа дека долгите и вештачки нокти не претставуваат никаков проблем во текот на тие активности. Некои од работите кои ги прави се заклучување и отклучување на влезната врата од домот, влегувањето во автомобил и ставањето на безбедносниот појас и слично.

@mooyahyah

Asmr o wutevaaaaa

original sound - mariyah may

Коментарите на ова видео се разновидни - некои од нејзините следбеници ѝ поставија нови предизвици кои мора да ги сними, додека други сметаат дека тие нокти се потполно непотребни: „Се мачиш непотребно“ - гласеше еден од коментарите. 

Но, очигледно е дека оваа девојка не се грижи за негативните коментари со оглед на тоа што секое видео на ТикТок ѝ се однесува токму на долгите и вештачки нотки кои ги има. Таа сними и втор дел од првичното видео, во кое испробува различни активности со долгите нокти, но овој пат активностите ги сними во теретана,  асите мислат дека сепак не е можно да се тренира со толку долги нокти.

@mooyahyah

More ASMR kine tingzzz :)

original sound - mariyah may


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: