Сите мислат дека круната ја понесе итрата мачка, но ова момче го препознаваат сите: Кое е најгледаното ТикТок видео?

Сите мислат дека круната ја понесе итрата мачка, но ова момче го препознаваат сите: Кое е најгледаното ТикТок видео?

Објавена во: Stars // YouTube видеа

За да го имате најгледаното видео во 2021 година беше потребно само да танцувате на овој хит...

Веста за најгледаното видео на ТикТок почна да се појавува и во нашите медиуми, со оглед на тоа што и нашата ТикТок сцена од ден во ден станува сѐ поголема и повлијателна. Меѓутоа, додека многумина веруваат дека најмногу прегледи во 2021 година на светско ниво собра краткото видео од мачката која прескокнува пластични чаши (препреки), вљубениците на оваа социјална мрежа знаат дека ова домашно милениче не ја понесе круната.

Имено, видеото од мачката Миа има смао 184 милиони прегледи, што ја става на четвртото место по бројот на прегледи во оваа година.

@mmeowmmia

#cat #uk

оригинальный звук -  Mia the Cat

Но, тогаш кое видео е најгледано во 2021 година?

Како што потврди и „Си-Ен-Ен“, на врвот на листата оваа година се најде Дејвид Ален, попознат како „ToTouchAnEmu“, со видеото кое има повеќе од 314 милиони прегледи! Имено, смешниот инфлуенсер кој е познат по тоа што го користи својот дрон и се снима додека танцува во место, ги освои симпатиите на многумина, откако заигра на овогодинешниот летен хит на Џастин Бибер, „Stay“.

@totouchanemu

I may not have @maxtaylorlifts dumpy but I do have a drone.

STAY - The Kid LAROI & Justin Bieber

Меѓутоа, видеото на Дејвид, иако е најгледано во оваа година, не е ни близу до бројката која минатата година ја шокираше јавноста. Како што истакнуваат многу странски портали, а и самата ТикТок апликација, најгледаното видео објавено во 2020 година собра дури 2.2 билиони прегледи и до ден денес е на самиот врв.

Имено, момчето по име Зек во краткото видео успеа да измами многу гледачи и да ги убеди дека лета на метла како „Хари Потер“.

@zachking

They rejected my application to Hogwarts but I still found a way to be a wizard. #illusion #magic #harrypotter

Zach Kings Magic Broomstick - Zach King

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: