Сите мислеа дека ќе биде наследничка на Лепа Лукиќ: Еве со што денес се занимава девојчето од познатата песна

Сите мислеа дека ќе биде наследничка на Лепа Лукиќ: Еве со што денес се занимава девојчето од познатата песна

Објавена во: Stars // Музика

Речиси и да нема човек кој не се сеќава на еден од најголемите хитови на народната музика од деведесетите, во кој девојка по име Ивана пееше со некрунисаната кралица на овој жанр:  „Briši, briši suze s lica, ja sam tvoja naslednica“ - („Избриши, избриши ги солзите од твоето лице, јас сум твојата наследничка“).

Песната „Наследничка“ објавена во 1994 година привлече големо внимание кај регионалната јавност и брзо стана хит, а покрај Лепа Лукиќ ја изведуваше и девојката Ивана Ѓорѓевиќ.

Сите и предвидуваа голема музичка кариера, а во тоа имаше поддршка од кралицата на народна музика, како што често ја нарекуваат Лепа.


- Не знам дали има посреќна девојка од мене што кралицата на народната музика Лепа Лукиќ ме прогласи за наследничка, дека ме запознава со работата што ја сакам да ја работам и тоа докажува дека тетка Лепа не е злонамерна или љубоморна жена, воопшто - рече тогаш Ивана. - Сакам да ги пеам овие помодерни песни, но преферирам стари, авторски песни, двата вида ми одговараат.

Сепак, Ивана не остана долго на сцената: постепено се повлекуваше и настапуваше само одвреме-навреме. Како што е познато, меѓу нејзините последни настапи е оној на плоштадот во Старчево, за дочекот на Новата 2005 година.

После тоа таа реши да се повлече од светот на музиката, а медиумите пред неколку години пишуваа дека денес е сопственичка на фризерски салон во Опово.


FOTO: YOUTUBE PRINTSCREEN

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: