Сите мислеа дека Тамара Тодевска беше ѕвездата на ВИП отварањето на „H&M“: На крајот Дарен го украде целото внимание (ФОТО)

Сите мислеа дека Тамара Тодевска беше ѕвездата на ВИП отварањето на „H&M“: На крајот Дарен го украде целото внимание (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Шведскиот моден бренд H&M вчеравечер организираше ВИП забава по повод отварањето на својата прва продавница во Македонија, во Ист Гејт Мол, во Скопје.

Многу влијателни имиња и новинари од нашата земја беа дел од големото отварање, а истите ги забавуваше познатата поп пејачка Тамара Тодевска. Таа на отварањето дојде во придружба на своите деца - ќерката Хана и синот Дарен.

За оваа прилика Тамара беше облечена во фармерки, бела маица и впечатливо виолетово палто од тул. Целата комбинација ја заокружи со високи потпетици во неутрална нијанса.

Со својата енергија и харизма, како и секогаш, Тамара направи забава за памење, и токму тогаш кога сите помислија дека таа е единствената ѕвезда вечерта, нејзиниот син ги дематираше. Имено, Дарен текот на вечерта во една прилика го облече впечатливото виолетово палто од тул, и така целиот замотан во него, позираше пред облективите.

Мора да признаеме дека е преслаток, а сигурни сме и дека мама Тамара многу слатко се насмеала на ова.

Инаку, вратите за купувачи, „H&M“ официјално ќе ги отвори утре во 10 часот.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: