Сите очи беа вперени во актерката и нејзината ќерка: Кејти Холмс и Сури беа уловени на њујоршките улици
Актерката за време на утринската прошетка со ќерката Сури се договарала што сѐ им е потребно за организирање на традиционалниот празник „Ден на благодарноста“...
Планетарно познатата актерка Кејти Холмс е фотографирана во текот на вчерашниот ден со ќерката Сури, како забрзано чекорат по њујоршките улици за да ги купат сите продукти кои им се потребни за Денот на благодарноста, кој денес се слави ширум Америка.
Поранешната сопруга на Том Круз, сограѓаните често може да ја сретнат во супермаркетите, шопинг центрите и продавниците за мебел, а за неа имаат само пофални зборови со оглед на тоа дека се однесува како „целиот нормален свет“.
Кејти за секое свое излегување од дома се облекува многу урбано, а нејзините фотографии можеме да ги видиме на многу „street style“ страници на Инстаграм.
Овој пат на себе имаше долг капут во окер нијанса со суптилни карирани шари, црна маица, хеланки, а особено внимание привлече со волнените чорапи и чевли од кожа, кои се тренд оваа есен.
Но, големо внимание привлече и нејзината ќерка Сури, која имаше доста смела комбинација на себе. Комбинацијата од бои, со која една од најубаво облечените тинејџерки ја одбра за оваа прошетка навистина ги освои погледните на минувачите.
фото: фото: Dylan Travis/ABACA, Profimedia