Сите паѓаме на нив: Триковите на продаваниците кои прават да купувате работи што не ви се потребни

Сите паѓаме на нив: Триковите на продаваниците кои прават да купувате работи што не ви се потребни

Објавена во: Мода // Moj стил

Не си единствената која наивно „паѓа“ на овие трикови.

И додека сите се радуваме очекувајќи ги попустите и кога конечно ќе купиме чанта или патики по пониска цена, всушно трошиме повеќе пари, отколку кога би ги купиле по редовната цена. Кога еднаш ќе влезеш во некој шопинг центар за време на намаление, можеш да бидеш сосема сигурно дека ќе купиш работи кои не си ги планирала.

Зимското намаление е зад нас, но многу брзо ќе започнат нови попусти. Како поинаку да се привлечат што поголем број купувачи? Сите паѓаме на добри попусти и не можеме да оддолееме кога ќе започне сезоната, па одиме по она едно парче кое веќе долго го сакаме, но не ни се даваат толку пари за него. Обично одењето на шопинг по една работа во таква ситуација завршува со раце полни со кеси и празен паричник. Продавниците имаат трикови кои се користат за да не привлечат и да ни продадат работи, а ние да наседнеме на истите. Кои се тие трикови? Bright Side откри неколку. Дали тоа можеби ќе ни помогне следниот пат да не наседнуваме на нив? Најверојатно не.

Излозите во шопинг центрите се замка број 1

Главната работа која сакаат да ја постигнат продавниците е кога ќе поминеш покрај излогот, тој да го „улови“ твојот поглед и потоа да посакаш нешто од него

# За да привлечат повеќе купувачи, се послужуваат со големи натписи на кои со големи букви пишува „sale“, „попуст“ или „голема акција“ - без ваквите натписи не може.

# Исто така, важни се и боите, поточно вистинската комбинација на бои. Постои една комбинација на бои, на која по истражувањата е тешко да се оддолее, а тоа е црвената и белата.

# Со голем фонт никогаш не се напишани цените на излозите, туку само попустот кој можеш да го допиеш. Доколку ги пишува и цените, тогаш тоа се цнеи на некои од најевтините парчиња во продавниците, а пред бројките се користи и зборот „само“.

# Куклите во излозите се облечени во „аутфити“ кои изгледаат модерно и кои ќе привлечат луѓе во продавницата. 

# Доколку во излозите има плакати, на нив секогаш има насмеани луѓе. Без разлика дали станува збор за познатите кои сорабуваат со тој бренд или непознати модели.

Попустите се замка број 2

Попустите се добра работа! Или можеби не? Што значи секој попуст?

# 25 - 30% - Кога ќе видиш вакви попусти, тоа е обично почеток на распородажба. Овде најчесто станува збор за парчиња од претходната сезона и истите се сместени на самиот крај од продавницата. Целта е да те поттикнат да влезеш во продавницата и да поминеш покрај целата изложена облека со надеж дека нешто од тоа ќе ти фати око.

# 50% - Кога попустите се зголемуваат, така и облеката со најголеми попусти се приближува кон влезот, па така купувачите може добро да видат и пред да влезат во продавницата.

# 70% - На овој начин продавниците често се „спасуваат“ од парчињата облека откако некоја сезона е завршена. Такви производи има низ целата продавница, за купувачите да може да поминат покрај повеќе полици.

# 80% - Кога остануваат производи кои досега не успеале да се продадат, а веќе пречат, бидејќи има нова колекција, започнуваат луди акции и попусти. 

Акција „3 за цена по еден“ или пакувањата од повеќе производи се замка број 3

# Промо сетови - кога на пример се продава пакување од 3 маички за цена по една, најчесто станува збор за производи од кои продавниците сакаат да се „спасат“. Вака не ти дозволуваат да бираш кој дизајн/боја од производот ќе го добиеш, туку се спакувани.

# Картички за лојаност - продавниците се повеќе имаат програми за лојални купувачи, кои може да добијат картички каде собираат поени кои подоцна може да ги заменат за попусти. Тоа ги „поттикнува“ луѓето да купуваат повеќе за да соберат повеќе поени и подоцна да добијат „подобар“ попуст.

# Роденден на продавницата - уште еден трик со кој сите продавници се служат среде сезона да привлечат купувачи. Доколку провериш на која дата е отворена продавницата и кога и е роденден, најчесто немаат врска еден со друг. Тоа едноставно е начин на кој продавниците сакаат по малку пониска цена да продадат некои производи.

# „Само денес“ - ова е многу добар начин како да ги поттикнат луѓето да купат нешто имплузивно, без да помислат дали тоа нешто им е потребно. Некогаш станува збор за акции кои траат еден ден или еден викенд, а сите паѓаме на тоа. 

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: