„Сите плачат и паѓаат во несвест кога пее“: 12-годишната Фарија е новата музичка ѕвезда
12-годишната Фарија Гаши ја воодушеви Маја Шупут со нејзиниот настап во „Суперталент“ и доби златно копче. Фарија го испеа хитот на Дина Мерлин, „Da tuga je snijeg“ и ги остави членовите на жирито во солзи.
„Ова е еден од оние моменти кога јас и Мартина редовно се гледаме веднаш на првата нота и кога ќе ги видам нејзините насолзени очи, тогаш започнува верижна реакција. Ти отпеа песна која е навистина неочекувана од тебе... Пееш со неверојатна леснотија, а пееш феноменално. Мислам дека ти претстои навистина светла кариера“, ѝ рече трогната Маја на девојката по настапот.
Пред аудицијата, пријателката на Фарија изјави дека таа „пее толку бомбастично што сите паѓаат во несвест и плачат“. Се чини дека навистина е во право.
Загрепчанката Фарија во интервју за Нова ТВ по настапот признала дека била загрижена што „за џабе дошла“.
„Сега би сакала да изведам песна на англиски јазик, но ќе видам за тоа“, најави прекрасната Фарија, која на настапот ја придружуваше и нејзиното семејство.
„Ми беше смешно кога Мартина и Маја беа изненадени, но тогаш беше потажно кога плачеа... Но јас само продолжив“, се присетува таа.
Извор: www.index.hr