Сите правила за новата учебна година: Кој ќе носи маски, како се седи во училниците, кога ќе почне наставата
Во Хрватска конечно точно се знае што ги очекува учениците...
Министерот за образование и наука Радован Фукс и Ивана Павиќ Шиметин, заменик директор на Хрватскиот завод за јавно здравје, ги претставија упатствата за почеток на учебната година.
Наставата за сите ученици од основните и средните училиште ќе започне на 7 септември, а Министерството за образование и наука има намера сите учениците да бидат во училишните клупи со почитување на претставените упатства.
Наставата во училниците би требало да изгледа вака: во основните училишта учениците меѓусебно и од наставниците треба да бидат на физичка дистанца од 1,5 метар, а во средните училишта на два метри. Се препорачува учениците да седат еден за друг или еден покрај друг, но не лице во лице, со оддалеченост, а во одредени ситуации во кои нема да биде можно да се одржи дистанца се предлага и поставување на прегради помеѓу столчињата. Меѓутоа, доколку образовната установа не може да ја осигура оддалеченоста од 1,5 метар во поголемите одделенија во основните училишта и околу два метри во училниците во средните училишта, сите ученици на таа возраст и професорите и предметните наставници за време на наставата ќе мора да носат маски. Заштитните маски, пак не се во ниту една опција предвидени за учениците од пониските одделенија во основните училишта, освен за оние со хронични болести.
Освен под маски, во ситуации кога не е можно да се постигне предвиденото растојание наставата за повисоките одделенија и средните училиште може да се организира во смени, така што одредена паралелка ќе биде поделена на две групи и групите на училиште ќе одат наизменично. За оние кои остануваат дома ќе се организира онлајн настава. Постојат две сценарија кога е во прашање онлајн наставата: еден е доколку целото одделение е во самоизолација и во тој случај секој што бил во контакт ќе биде 14 дена во изолација. Другата опција е поделбата на одделението во групи за да се добие дополнителен простор, а во тој случај дел ќе ја следат наставата лице во лице со наставникот, а другиот дел ќе следи онлајн настава. Овие две групи ќе се ротираат.