Сите сакаат да танцуваат како Венсдеј, но најдобра е Лејди Гага: Погледнете колку добро ја ископира танцова кореографија (ВИДЕО)
Новата серија на Нетфликс полуде милиони гледачи, а сега сите сакаат да ги ископираат чекорите од танцовата кореографија на главната хероина...
Една од сцените од серијата „Wednesday“ толку ги импресионира луѓето ширум светот, што не престанува да се споделува на социјалните мрежи.
Станува збор за танцовата кореографија на главната хероина од семејството Адамнс, која ја глуми Џена Ортега.
Dancing is one of my favorite things to do. Along with gravedigging, conducting autopsies, and glaring uncomfortably. pic.twitter.com/q5sHhp82Rr
Чекорите се толку заразни, што ТикТок експлодираше од видеата на луѓето кои се обидуваат да ги ископираат чекорите од кореографијата на Венсдеј, а на тоа не одолеа ниту Лејди Гага.
@ladygaga BLOODY WEDNESDAY #fyp original sound - heyy
„Крвава среда“ - напиша Лејди Гага под видоето, на кое се гледа како носи готик модна комбинација, а потоа ја изведува виралната кореографија на нејзината песна „Bloody Mary“.
Џена Ортега сама ја смислила оваа кореографија за серијата на Нетфликс, додека се борела со коронавирусот. Додека била во изолација, смислувала кореографија за танцот на матурата на Венсдеј Адамс со нејзината потенцијална љубов, Тајлер Галпин. Озведувајќи ги танцовите чекори на хитот „The Goo Goo Muck“ од групата „The Cramps“, Џена воодушеви во серијата на Нетфликс, која е на добар пат да стана најгледана серија на сите времиња на оваа платформа.
фото: Принтскрин / ТикТок / Твитер