Сите се прашуваат дали Меган Фокс е бремена: Машин Ган Кели му отпеа песна на нивното неродено дете (ВИДЕО)
Пејачот со оваа постапка ги загреа сомнежите дека неговата избрачка е во блажена состојба...
Познатата актерка Меган Фокс веќе подолго време ужива во љубовта со музичарот Машин Ган Кели. На настапот на доделувањето на „Billboard Music“ наградите во Лас Вегас, Машин ги загреа сомнежите за тоа дека тие двајца очекуваат бебе, со оглед на тоа што една песна посвети на нивното „неродено дете“.
„Оваа песна ја напишав за својата сопруга“ - кажа тој на самиот почеток, нарекувајќи ја сопруга својата вереница.
„Предобра си за мене, јас сум прелош за да ме задржиш, тажен сум, осамен, само тебе те посакувам“ - гласеа стиховите, а потоа додаде: „А, ова е за нашето неродено дете“.
Поради овој стих, кој инаку не е регуларен дел од песната, започнаа коментарите дека познатата двојка очекува дете.
Инаку, нешто порано, странските медиуми пишуваа дека двојката изјавила дека „100 проценти сака да има дете и дека отворено зборуваат за тоа откако се запознале“.
фото: Принтскрин / Инстаграм