Сите се прашуваат колку заработува: Бака Прасе плаќа 1.000.000 динари данок на државата
Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, на својот Твитер профил сподели фотографија од уплатница со која сакаше да покаже дека го платил данокот на државата.
Јутјуберот сакаше да покаже дека на државата и платил данок на добивка во износ од 1.010.286 динари, па сите се прашуваат колкава е всушност неговата заработка, доколку е волкав данокот.
„Сиромашно, но фер“ - напиша Богдан покрај фотографијата од уплатницата, која стои на воланот на неговото „Ламборџини“.
Многумина во коментари пишуваа дека Илиќ нема баш убав ракопис, но и се интересираат колку заработува со оглед на тоа дека многу спонзори му ја откажаа соработката, бидејќи се најде во центарот на вниманието со скандали.
За потсетување, против јутјуберот е поднесена кривична пријава поради наводните недозволени полови односи со малолетно лице.