Сите тинејџери на планетата беа заљубени во неа: Се прослави како моќна ренџерка, а еве како изгледа денес (ФОТО)

Сите тинејџери на планетата беа заљубени во неа: Се прослави како моќна ренџерка, а еве како изгледа денес (ФОТО)

Објавена во: Stars // Филм

Ејми Џо Џонсон се прослави со улогата во серијата „Моќни ренџери“, а денес изгледа како да се замрзнала во времето...

Скоро па да нема личност која не ги гледала или барем не слушнала за „Моќните ренџери“. Серијата која беше навистина популарна во 90-тите ѝ донесе популарност на Ејми Џо Џонсон, која го толкуваше ликот на Кимберли Хард или едноставно - розовиот моќен ренџер.

Ејми овој лик го толкуваше од првата до третата сезона, односно од 1993 до 1995 година, појавувајќи се во 138 епизоди, пред да го напушти снимањето и улогата да ѝ ја предаде на колешката Кетрин Сатерленд. Сепак, во 1997 година се врати во филмот „Turbo: A Power Rangers Movie“.

Слатката бринета со споменатата улога доби светска популарност и отворени врати во американската кинематографија, но сепак не ѝ појде од рака да се вброи во А листата на Холивуд. Ејми и покрај тоа остана посветена на глумата, па така се појавуваше во бројни телевизиски серии и филмови. Се испроба и во режисерските води, а „Tammy's Always Dying“, „Bent“ и „The Space Between“ се само некои од остварувањата кои ги има режирано таа.

Оваа актерка неодамна и самата призна дека никогаш не се чувствувала пријатно додека глуми, и дека таа несигурност ја чинела да има врвна кариера.

„Искрено, во мојата кариера не сум можела да бирам. Мислам дека има многу малку луѓе во Холивуд кои всушност ги избираат своите улоги“ - рече Ејми, додавајќи дека тоа не ја мотивирало да прифати ангажман.

Покрај глумата Ејми има уште една голема страст - пеење и компонирање. Има снимено вкупно три албуми, а последниот го издаде во 2013 година. Таа често на својот Инстаграм профил со обожавателите споделува кратки видеа на кои го покажува својот раскошен пејачки талент.

Инаку, актерката никогаш не ја следеле никакви скандали, а кога станува збор за приватниот живот од 2009 до 2017 година беше во брак со продуцентот и бизнисмен Оливие Гинер, со кој има и една ќерка.

Ејми веќе подолго од две години ужива во новата љубов, на Инстаграм со задоволство споделува фотографии, но идентитетот на нејзиниот партнер не ѝ е познат на јавноста.

Негува едноставен, опуштен стил и изгледа одлично и без шминка, како времето да е застанато за неа. Како изгледа денес, погледнете во продолжение:



фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: