Сите треба да си го прифатат уникатниот изглед: Девојче родено со темни дамки по телото како резултат на ретка болест инспирира

Сите треба да си го прифатат уникатниот изглед: Девојче родено со темни дамки по телото како резултат на ретка болест инспирира

Објавена во: Совети // Семејство

Тонека Роџерс Робинсон од Далас, Тексас и нејзиниот сопруг Џастин добија девојче по име Жире во јуни 2021 година.

Родителите биле загрижени кога забележале дека нивното новороденче има темни дамки по целата кожа, но, им олеснило кога лекарите им рекле дека дамките се само површни и дека таа е, всушност, совршено здрава.

На Жире ѝ беше дијагностициран вроден меланоцитен невус (CMN) - видливи пигментирани пролиферации по кожата кои се присутни при раѓање.

Тонека и Џастин сакаат нивната ќерка да ги прифати нејзините разлики и се надеваат дека „нејзината самодоверба ќе може да го издржи неприфаќањето од општеството“. Така тие почнаа да објавуваат слики од нивната ќерка на Инстаграм, каде што таа собра повеќе од 11.900 следбеници за неколку месеци.

Прекрасното девојче е родено со ретка состојба која предизвикува темни дамки по целото тело.

За време на бременоста, Тонека редовно правела тестови за да се увери дека сè оди без проблеми.

Жире е родена во јуни 2021 година, среќно и здраво бебе, но парот првично бил загрижен - затоа што нивната малечка се родила со темни дамки по целата кожа.
Нивните лекари брзо ги увериле дека дамките се само површни и дека Жире е совршено здрава.

Состојбата не е наследна и е предизвикана од погрешен развој на пигментните клетки во првиот триместар од бременоста. Оваа состојба се јавува кај околу еден процент од доенчињата ширум светот. Со оваа состојба постои зголемен ризик од меланом.

Објавувајќи фотографии од нејзе, двојката сака да може да му го покаже на светот своето прекрасно дете кое сакаат да порасне во свет кој сè повеќе ги прифаќа разликите.

За жал, во 2019 година, тие се соочија со скршено срце кога ја загубија првата новородената ќерка Џастис.

„Ја изгубивме неочекувано на четири недели. Пет месеци подоцна дознавме дека сме бремени со Жире. Додека сè уште тагуваме, го започнавме процесот на ризична бременост. Имав бројни контроли и тестови за да се осигурам за безбедноста на оваа бременост. Кога мојот сопруг првпат ја виде, неговите први зборови беа: „Што е тоа на нејзиното лице?

„Срцето ми застана кога го рече тоа, пред се' поради загубата што штотуку ја доживеавме, но штом мојата докторка рече дека тоа се само пигментирани дамки и дека не боли, моето срце се опушти.

Во моментот кога рече дека е само пигментација на кожата, ништо друго не беше важно. Тоа значеше дека моето бебе не е во опасност да умре, не можев да сфатам дека ќе изгубам уште една ќерка. Во моментот кога мојот сопруг ја легна врз мене, се беше во ред со светот. Жире е совршено здрава и тоа е најбитно“.

Тонека и Џастин планираат да продолжат да ѝ покажуваат на Жире дека нејзината кожа е убава, а со задоволство гледаат дека и другите луѓе мислат така.

„Се поврзав со неколку родители на деца со слични состојби и научив за нивните искуства. Чувствувам дека Жире нема да се чувствува сама“ - рече Тонека.

„Ѝ велам дека е убава, затоа што е. Ја сакам нејзината кожа и тоа го давам до знаење секој ден. Ќе ја научам дека ничие мислење за неа не е важно освен нејзиното. Довербата е клучна. Повеќето возрасни имаат тенденција да прашуваат за нејзината кожа, љубопитни се, а нам не ни пречи да ги едуцираме“.

Ретката состојба која предизвикува темни дамки на кожата: Што е вроден меланоцитен невус - и дали е опасен?

Состојбата не е наследна и е предизвикана од погрешен развој на пигментните клетки во првиот триместар од бременоста.

Оваа состојба се јавува кај околу еден процент од доенчињата ширум светот.

Не постои познат начин да се спречи CMN.

Симптомите на CMN вклучуваат присуство на бенки на кожата од раѓање или кои се појавуваат во првите неколку месеци од животот.

Овие белези се во боја од светло кафена до црна. Тие може да потемнат, да станат погусти или да растат влакна како што старее вашето дете. Тие најчесто се безболни.

Со оваа состојба постои зголемен ризик од меланом.

За повеќето случаи на CMN, гледањето и работењето за спречување на рак на кожата е единствениот потребен третман. Ова вклучува редовни проверки на кожата од родител и лекар.

извор:dailymail.co.uk

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: