Сите зборуваат за овој корона - фустан: Посебен е затоа што има вградена заштитна маска

Сите зборуваат за овој корона - фустан: Посебен е затоа што има вградена заштитна маска

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако изгледа малку глупаво, тој постојано се распродава на веб - продавницата...

Во време кога е задолжително да се носи маска на лицето каде ѝ да одиме, еден бренд се сети на „паметно“ решение - направи фустан кој во себе и маска. Први се сетија на тоа и сега девојките полудеа по него.

Дали би носела нешто вакво? Кој и да е твојот одговор, овој корона - фустан е вистински хит. Веб продавницата „Pretty Little Thing“ пред некое време стана побогата за ова чудо, кое постојано се распродава. Откако Лоти Мос, сестрата на популарниот модел Кејт Мос, излезе во ваков фустан, која е навистина стилски и практичен, девојките полудеа за него.

Фустанот е поразличен од сето она што досега го имаме видено. На прв поглед можеби изгледа како обичен црн тесен фустан со околу вратник ролка, сѐ додека тој околувратник не го кренеш и ставиш како маска. „Pretty Little Thing“ веќе неколку пати го враќаа на веб - продавницата и секој пат се распродаваше со брзина на светлината. Доколку се размислувавте за тоа како изгледа модата за 2020 година, ова е фустанот кој би бил вистински претставник. Доаѓа во разлини бои, од црна до дезен на леопард - за сечиј вкус по нешто. Во прилог оди и тоа што не е скап, а и моментално е на акција, па цената му е 16.80 евра. Колку е добар или лош, констатираше една јутјуберка:


И изгледа дека се исплати да се купи, секако доколку бараш нешто лудо, но истовремено и практивно за овој корона период. Можеби нема да можеш во него да одиш на забава, бидејќи клубовите не работат, но сигурно би била главна „фаца“ во својата околина.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: