Сите зборуваат за тоа што ѝ го направи Бијонсе на ќерката: Блу Ајви настапи со нејзината мајка, а реакцијата на познатата пејачка на нејзиното танцување го обиколи светот (ВИДЕО)
Познатата Бијонсе настапи пред две вечери во Дубаи. По долга пауза таа се врати на сцената, а овој настап ќе остане запаметен по дуетот што го изведе со нејзината ќерка Блу Ајви Картер (11)
Бијонсе пееше на отворањето на луксузниот хотел „Atlantis The Royal“, а се шпекулира дека добила хонорар од дури 24 милиони долари.
„Каде е мојата девојка со кафена боја на кожа? Кажете здраво на моето бебе, моето девојче со кафена боја на кожа, госпоѓица Блу Ајви Картер“, ја најави Бијонсе својата наследничка, со која ја изведе песната „Brown Skin Girl“ од 2019-та година, која всушност е песна од филмот „Кралот лав“.
— ᴀʀᴛʜ (@arthfobic) January 21, 2023
Блу Ајви Картер на концертот носеше оригинално црвено кожено палто, додека Бијонсе беше облечена во креација на брендот „Atelier Zuhra“ во делот од настапот кога ѝ се придружи нејзината наследничка.
Штом се качи на бината, малото девојче почна да танцува, а потоа во еден момент нејзината мајка ѝ сигнализира да танцува помирно.
„Ѝ кажа да се смири поради тамошната култура“, „Тоа беше во стилот „да почекаме дури да се вратиме дома“, „Само ѝ даде до знаење каде се и каква е културата таму“, го коментираат настапот на Инстаграм.
Така Бијонсе и Блу Ајви станаа и ѕвезди на бројни мемиња.
Познатата мама и нејзината ќерка ја украдоа сцената, а во право се оние кои коментираат дека Блу Ајви Картер го наследила својот талент од мама и тато, со оглед на тоа дека татко ѝ е и познатиот Џеј Зи, кој беше во публиката, заедно со мајката на Бијонсе, Тина Ноулс.
Познатата пејачка за време на настапот смени неколку модни изданија кои се далеку од дрес кодот што го диктира културата на земјата во која пееше.
Извор: Курир.рс/ Блиц жена