Сите зборуваат за учениците, а и студентите се на мака поради пандемијата: Србија направи план за наставата на факултетите

Сите зборуваат за учениците, а и студентите се на мака поради пандемијата: Србија направи план за наставата на факултетите

Објавена во: Совети // School zone

Постојат три сценарија како ќе изгледа наставата на универзитетите оваа година. Првиот е класичната настава, која би се одржувала како и досега, а другиот е т.н. хибридно сценарио каде предавањата ќе бидат онлајн, а практичната настава во помали групи и третото сценарио е комплетна онлајн настава, пишуваат српските медиуми.

Гостувајќи во Белградска хроника на РТС, професорот доктор Петар Булат, проректор за настава на Белградскиот универзитет вели дека е невозможно во август да се каже како ќе биде на 1 октомври.

„Она што можеме да го кажеме, доколку епидемиолошката ситуација биде како денес, најверојатното сценарио е хибридното. Онлајн предавања и работа со помали групи на студенти со максимална мерка на заштита. Тоа ќе претставува дополнителен напор за наставниот кадар, бидејќи групите ќе бидат значително помали од тоа што биле досега“ - објаснува професорот Булат.

Многу студенти се пожалиле дека професорите пред крајот на оваа година биле недоволно достапни, дека само им праќале презентации и дека не биле тука за нивните прашања. На прашањето дали студентите имаат кому да се пожалат, професорот Петар Булат вели дека се слушнале скоро сите негативни иксуства.

Според неговите зборови, за да се подготват за целата ситуација која следува, на 7 јули на Белградскиот универзитет е организиран симпозиум каде се повикани сите универзитети во Србија за да ги покажат своите искуства и да се види со кои проблеми се соочувале и како истите да се надминат.

Тој исто така се осврна и на животот во студентските домови. Студентите постепено ќе се враќаат, секако оние кои се здрави. За оние кои се позитивни на вирусот ќе се организира посебно сместување. Управата студентскиот центар се ангажирала за ситуацијата да биде под контрола.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: