Ситно брои: Еве како Антониа ги поминува последните денови од бременоста
Остануваат уште
неколку недели до терминот за породување. Антонија Гиговска и нејзиниот сопруг
Роберт со нетрпени го очекуваат своето прво дете.
Во тек се финалните подготовки за доаѓање на бебето, а дел од облеката и опремата за бебето пејачката ги покажа и на социјалните мрежи.
Овие последни денови се најтешни но и најслатки, па Антонија ги искористува да направи фотосесии кои ќе и останат како спомен од бременоста.
Таа неодамна, по теркот на светските ѕвезди, направи фотосесија на која имаше само свилена наметка која ги прекрива интимните делови, додека пак на последната фотосесија носи интересна креација од црна тантела.
Она што ги разнежни следбениците на пејачката е пораката која ја посвети на своето неродено бебе.
„ Малечко мое. Се ближи крајот. Поминавме многу заедно, а тек што не чека. Бројам ситно да те гушнам. Знаеш дека сме посилни од се‘! Знам дека ќе бидеш мојот борец, мојот силен, мојот крал.
Моја копија! Те очекуваме Те сакаме“.
Фото: antoniagigovska/instagram