Скандалозно: Кортни Кардашијан тврди дека маските предизвикуваат рак

Скандалозно: Кортни Кардашијан тврди дека маските предизвикуваат рак

Објавена во: Совети // Семејство

Во време кога на Интернетот се шират доволно лаги за се што е поврзано со коронавирусот, Кортни Кардашијан даде свој придонес во тоа. Имено, ријалити ѕвездата објави потполно луда теорија за тоа како носењето на заштитна маска може да предизвика рак.

Имено, таа ги објави калсичните маски кои ги носат хирурзите, а какви што поголемиот дел од нас носат по улица и посочи дека се направени од материјал кој канцероген, па кога дишеме, го вдишуваме и тоа. За работата да биде уште поопасна, Кортни се повика на угледнито портал cancer.org, па рече, „Според нив, маските ја зголемуваат шансата за рак на црниот дроб, тестиси, панкреас. Долгото користење може да предизвика симптоми кои наликуваат на настинка и проблеми со белите дробови, што доведува до гушење.“ Звучи опасно? И би било, секако доколку е вистина!

Имено, овие зборови воопшто не се наоѓаат на сајтот на споменатата организација, а на јавноста преку „New York Post“ ѝ се обрати и доктор Вилиам Кансер од Американското здружение за рак кој појасни: „Нема докази дека во маските се наоѓа канцероген материјал. Јас, како и моите колеги носиме маски со години, за да ги заштитиме пациентите од зарази.“ Тој наведува дека материјалот од кој се прават маските е безопасен, па дури и дека ќе го најдете во поквалитетните кујски садови. Всушност, утрврдено е дека оваа супстанца станува опасна само кога се загрева на над 300 степени!

Секако, Кортни буквално ја погребаа на социјалните мрежи, каде што јасно ѝ се даде до знаење дека цитирала непостоечки цитати, како и дека се однесува неодговорно, бидејќи со своето семејство прави забави на кои никој не носи заштитни маски. Крис Џенер неодамна ја бранеше својата ќерка Кендан поради корона забавата, не сфаќајќи дека брзите тестови кои семејството ги користи не се доволно сигурни.

Затоа, сѐ што треба да правите е да се однесувате одговорно. Да носите маски во затворен или отворен простор, каде што има многу луѓе околу вас. Уште поважно е да држите два метри растојание од луѓето и да не си го допирате лицето со раце додека сте на улица. Секако, добро измијте ги рацете со сапун кога ќе стигнете дома или дезинфицирајте ги со алкохол додека сте надвор.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: