СКАНДАЛОЗНО: Средните училишта бараат пари од учениците за сведетелства
Сојузот на средношколците денеска со остра реакција. Велат дека изминативе неколку дена до кај нив стигнуваат поплаки од средношколци од повеќе градови во Македонија дека нивните средни училишта наплаќаат такси за издавањето на сведетелства. Сојузот извести за истиов проблем и минатата година.
Училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на сведетелствата, за што од страна на Министерството за образование и наука им беше укажано со писмен допис уште пред крајот на учебната година, соопштија од МОН по реакцијата на Унијата на средношколци.
-Педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5% во случај на грешки и слично. МОН потсетува дека, согласно Уставот на Република Северна Македонија како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19 и 229/20), со кои секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование. Инаку станува за изолирани случаи во неколку училишта кои вршеле наплата на надоместокот за свидетелствата за што ќе постапи Државниот просветен инспекторат, велат од МОН.