Скарлет Јохансон совршеното лице и тен ги негува во ова: Сите го имаме во кујна

Скарлет Јохансон совршеното лице и тен ги негува во ова: Сите го имаме во кујна

Објавена во: Живот // Живот

Секогаш пријатно се изненадуваме кога ќе откриеме дека некој ѕвезда користи производ кој ни е достапен и на нас, кога е цената во прашање...

Од познатите убавици се очекува беспрекорен изглед во сите ситуации, поради што се трошат вртоглави суми на пари за разни третмани и производи. Со оглед на тоа дека тие можат да си го дозволат тоа без никаков проблем, пријатно сме изненадени кога ќе откриеме дека некоја ѕвезда користи производ кој е достапен на сите, како што прави тоа Скарлет Јохансон.

Познатата убавица откри дека е опседната со чистењето на лицето и тоа со јаболков оцет. Со негова помош ја одржува својата убавина под контрола и не користи агресивни хемиски препарати.

„Веќе долго време ја истражувам природната козметика, бидејќи не скаам да нанесувам тешки хемиски препарати кои ги препорачуваат дерматолозите. Јаболковиот оцет е одлична работа доколку имаш мака со проблематична кожа на лицето и здодевните мозолчиња“ - изјави Скарлет во едно интервју.

Како да го нанесете на лицето?

За да ги испробате неговите магични својства против мрсниот сјај и мозолчиња, измешајте 1/2 децилитар оцет со 1 децилитар вода и добро натопете го памукчето. Нанесете на проблематичните места и оставете да делува 10 - тина минути. Потоа измијте се со топла вода, а за подобри резултати повторувајте ја постапката повеќе пати во текот на денот, но откога ќе се уверите дека оцетот не предизвикува несакани реакции на вашата кожа.

Имено, иако јаболковиот оцет поседува многу квалитети, во својата рутина би требало да го воведете постепено. Секоја кожа реагира поинаку на производите, а силната киселина во оцетот може да биде преагресивна на чувствителната кожа и да предизвика непосакувани реакции. Иако јаболковиот оцет во негата за кожа е присутен веќе долго време, за повеќето ефекти на кожата има науични истражувања и затоа, бидете внимателни.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: