Скопјанката Андријана Петрушовска помина директно во 6-ти круг на „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)
Уште една одлична емисија и фантастични кандидати се претставија и оваа сабота во Ѕвездите на Гранд. Нема сомнеж дека се подобри во овој круг, но и дека менторите се борат напорно за нив.
Сепак, потрагата по вистинската „Гранд ѕвезда“ продолжува, а само најдобрите добија можност да ја продолжат трката.
Една од кандидатките кои дирекно поминаа во следниот шести круг е и Андријана Петрушовска од Скопје. Таа има 21 година, а нејзин ментор е Ѓорѓе Давид.Браво Андријана. Продолжи да блескаш.
Нејзиниот настап може да го поглднете во видеото на 1:08:20 минута.