Скопје Сити Мол информира дека по лажната дојава продолжуваат нормално со работењето
Денешната дојава за подметната експлозивна направа во просториите на трговски центар – Скопје Сити Мол, е лажна, информираат оттаму.
„Оваа лажна дојава денес беше причина нашиот објект да биде затворен на неколку часа, додека не се применат сите светски стандарди за безбедност на трговски центри од затворен карактер. Како трговски центар им благодариме на сите кои се дел од нашите служби со чија помош успеавме безбедно да ги евакуираме сите посетители како и вработените во продажните места. Скопје Сити Мол во текот на годината организира претходно најавени вежби за евакуација, независно дали станува збор за вежби од карактер на подметнати направи, пожар или укажување на прва помош, кои се покажуват како реална потреба во одредени ситуации. Исто така сакаме да се заблагодариме на припадниците на МВР – Скопје, Противпожарните Служби на Град Скопје и Прва помош кои учествува во евакуацијата како и за решавње на целата ситуација“, стои во соопштението од Скопје Сити Мол.
Истрагата е завршена, уште еднаш потврдуваат дека станува збор за лажна дојава и Скопје Сити Мол продолжува да работи со нормално работно време.