Скопје Сити Мол ве советува како да извлечете максимум од Late Night Shopping во 5 чекори

Скопје Сити Мол ве советува како да извлечете максимум од Late Night Shopping во 5 чекори

Објавена во: После „Школо“ // PR

Неверојатни попусти и одлична забава за да се подготвите за летото со омилените парчиња во вашиот омилен трговски центар. 24 јуни е денот и ноќта кога Скопје Сити Мол ќе се претвори во вистинско место за уживање за сите кои сакаат шопинг, за сите кои се во потрага по омиленото парче на попуст, за сите кои сакаат да се забавуваат. На најдобриот ден за шопинг со попуст во кој продавниците работат до полноќ - LateNightShopping во Скопје Сити Мол, оваа година за љубителите на шопингот и трагачите по извонредни попусти, омилениот трговски центар им нуди  вистинско шопинг доживување со супер попусти, избор на најдобро облечен посетител, забава со DJ и коктели и мала оддишка од шопингот со македонски евергрини во живо на летната тераса.

Одберете го идеалниот костим за капење, совршениот фустан за свадба, секогаш има место за уште еден пар чевли и ташна и асесоари кои одговараат, купете нов куфер за вашето патување или освежете го вашиот дом или градина, обновете ја козметиката, подгответе се за следниот спортски предизвик, купете книга, или играчка за забавно лето - сѐ што сакате со извонреден  попуст само на LateNightShopping во Скопје Сити Мол. Резервирајте го денот и вечерта на 24 јуни за шопинг со попуст и подгответе се за забава! 

5 чекори како да извлечете максимум од LateNightShopping

1.  Забележете го денот во вашиот календар 24 јуни вечерен шопинг до полноќ, време на LateNightShopping, локација – вашиот омилен трговски центар – Скопје Сити Мол. Поканете го вашиот омилен партнер за шопинг.

2.  Неколку дена порано посетете го Скопје Сити Мол и пробајте ги омилените парчиња облека и разгледајте асесоари кои може да ви одговараат со нив. Забележете го бројот и моделот кој најмногу ви одговара. Овој чекор е важен особено доколку не сакате да чекате долги редици пред гардеробите кои се создаваат за време на големи попусти. Разгледајте убаво и размислете каква блуза ви недостигаше за летните панталони, дали ви недостасува нешто за планираниот летен одмор, вам или на вашиот дом.

3.  На 24 јуни, подгответе се во најдоброто ваше издание и дојдете во Скопје Сити Мол – најпрвин купете ги на попуст парчињата кои најмногу ви требаат за летово, но разгледајте ја и понудата на попуст и на гардеробата од минатата сезона. Некои класични парчиња облека на попуст ќе бидат идеални за комбинација со она што веќе го имате во вашиот плакар.

4.  Без разлика што купувате на попуст, не купувајте работи за кои подоцна ќе смислувате комбинации, па наместо 3 блузи за кои подоцна ќе решите со што би ги носеле, купете веднаш блуза и соодветни панталони или здолниште, обувки кои ќе одговараат и соодветни асесоари. Купете поединечни елементи од облека за оние работи за кои веќе немате комбинација за да може да ги носите.

5.  Искористете го LateNightShoppingи да се забавувате – натпреварувајте се во модниот корнер за најдобро облечен посетител, заиграјте на музиката на DJ, освежете се со бесплатен коктел со секоја сметка над 1000 ден, уживајте во звуците на македонските евергрини на летната тераса, проследете го огненото шоу на главниот влез или сликнете се со пријателите на фотобут. Направете си го овој ден посебен и ваш, а Скопје Сити Мол е тука да ја исполни оваа ваша мисија - сѐ  што сакате. 

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: