Скоро половина милион прегледи на YouTube: Евровизискиот канал со грешка во името!
Вчеравечер, Тамара Тодевска и го донесе на Македонија највисокиот пласман на Евровизија. На конечната листа завршивме на 8 место, иако за време на целото гласање бевме број 1.
Видеото од настапот во финалето на нашата дива за само неколку часа го погледнаа скоро половина милион луѓе, но на истото е направена грешка. Имено, станува збор за презимето на пејачка, па наместо Тодевска, на видеото Тамара е потпишана како Тодевкса.