Слаткаристика го „дрмна“ Скопје: Еве како беше на концертот
„Денес ѝ е роденден на мајка ми. Среќен роденден мамо и ти благодарам за целата посветеност“, рече Слаткар и ја повика мајка му на сцената, а таа остана на бината до крајот на концертот“.
Токму така, Раперот Слаткаристика одржа концерт во „Ивент центар“ во Скопје, а со тоа прослави 15 години од неговиот прв албум „Слаткаристика будало“.
Раперот Тони Зен беше еден од гостите на концертот, како и „Два Бона“.
Салата беше преполна, а Слаткар ги редеше неговите хитови. Публиката еуфотично ги пееше сите песни, а имаше и одлична сцена.
Закажа и уште еден концерт, а со ова се потврди колку нашата публика го сака и колку неговите песни допираат со своите стихови до широкиот аудиториум.
Фото: Вангел Тануровски