Слатката историја на роденденските торти и дувањето на свеќи: Од каде потекнува обичајот?
Чоколадни, овошни, со прелив - без нив не може да помине ниту еден роденден ширум светот, а во продолжение дознајте ја историјата на роденденсктие торти...
Роденденските тори денес се задолжителни на повеќето роденденски прослави, а дувањето на свеќичките е симпатичен обичај на кој се радуваат славениците, особено децата.
Но, дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува оваа традиција? Во ова старите Грци имаат замешано прсти, кои го наследиле ова од Египјаните.
Долга слатка историја
Египетската цивилизација и Египјаните, оние кои живееле пред 3 - 4 илјади години, се заслужни за „пронајдокот“ роденденски прослави.
Се верувало дека фараоните на денот кога се крунисани стануваат богови и дека тој ден се „родиле како Богови“.
Овој обичај го позајмиле старите Грци, верувајќи дека ќе биде повеличенствено доколку на крајот се засладат со раскошен десерт. Затоа правеле колач кој во обликот потсетувал на месечина, а сето тоа во чест на Артемида, божицата на месечината. Десертот го украсувале со свеќички кои светеле како Месечината. Оттогаш е традицијата за палење на свеќи.
Денешните родендени
Модерните родендени влечат корени од германскиот обичај од 18 век, т.н. „Kinderfeste“ прослава.
Утрото на роденденот, детето добива колач со свеќички чиј број би одговарал на бројот на неговите години. Оваа дополнителна ја нарекувале „светло на животот“, која била симбол на надежта за уште една година живот.
А потоа следувала маката: торатата се јадела по ручекот.
Семејството ги тргнувало свеќичките од тортата кои гореле цел ден, а во одреден момент детето би требало да дувне во нив и да си посака желба.
Како и денес, желбата не смеело да се изговори гласно.
Со оглед на тоа дека состојките за тортата биле прилично скапи, обичајот не се прошил се до индустриската револуција.
Кога состојките станеле поевтини, тортите почнале да се печат и во слаткарниците.