Слатката принцеза Шарлот наполни 7 години: Мама Кејт Мидлтон ја фотографираше роденденски
Цела е на тато Вилијам - преслатката принцеза Шарлот наполни седум години.
Принцезата Шарлот е четврта по ред за тронот и е единствената ќерка на војвотката Кетрин и Вилијам, војводата од Кембриџ, родители и на принцовите Џорџ и Луис.
Ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, британската принцеза Шарлот вчера го прослави седмиот роденден.
По тој повод на Инстаграм профилот на нејзините родители беа објавени нејзини нови фотографии.
Фотографиите се направени минатиот викенд во Норфолк, од мајката на принцезата, Кејт Мидлтон, која е страствен фотограф и покровител на Кралското фотографско друштво, јавува Би-Би-Си.
На нив е прикажана насмеана принцеза како седи во ливада и го гушка својот миленик.
Седумгодишната Шарлот во последно време во два наврати е видена во јавноста.
Во март, таа беше во Вестминстерската опатија со нејзините родители и принцот Џорџ на комеморацијата на војводата од Единбург, а потоа и на велигденската служба во капелата Свети Џорџ во Виндзор.
фото:profimediaизвор:telegraf.rs