Слатки џинови: Знаете ли како Бернардинците го добиле своето име?
Бернардинецот (анг. St. Bernard) е раса на куче со потекло од Швајцарија, кое првобитно било чувано за спасување. Првпат се споменува во 17-от век, под името Saint Bernard dog, свето куче, алпски мастиф и куче Бери.
Бернардинците се едни од најпрепознатливите раси на кучиња во целиот свет. Големи, со жолто-сиво крзно и мил поглед, често сте ги гледале насекаде. Ги сакаат во филмови, реклами и тоа не е без причина.
Важат за тивки и предани кучиња, а нивното „свето“ име дава потврда за нивниот добар карактер. Но, дали некогаш сте се запрашале по кој бернардинците го добиле името?
Светите Бернарди се чувани за да спасуваат луѓе во големиот Сент Бернард кој се наоѓа во швајцарските Алпи, а живееле во конак за патници именуван по италијанскиот монах Бернард од Ментон.
Постои барем еден снимен пример како едно од овие кучиња носи мало буренце со ракија околу вратот за да им го даде на жртвите од лавина, за да им помогне да се згреат додека чекаат да бидат спасени, а оваа прекрасна слика често се појавува во нивните портрети на телевизија и во филмовите.
Кој е Бернард од Ментон?
Бернхард или Бернард од Ментон, познат и како Бернард од Аоста ероден во Новари, на 28 мај 1007 или 1008 година, а починал на 15 јуни 1081, 1085 или 1086 година. Бил бенедиктински монаг кој денес се слави како католички светец.
Познат по настојувањето да го крсти населението на Алпите, кое е помеѓу последните во западна Европа, кое се придржувало до паганските обичаи. Најпознат станал благодарение на изградбата на конакот, кој им обезбедувал засолниште на аџиите на патот кон Рим.
фото: Sally Anne Thompson, Animal Photography