Слатко или одвратно: Бруклин Бекам го истетовира писмото од својата вереница

Слатко или одвратно: Бруклин Бекам го истетовира писмото од својата вереница

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Бруклин Бекам веќе долго време не е главна тема по порталите, но колку што можеме да видиме, од тогаш, тој се заљуби до уши, толку многу што неговата девојка го преплави неговиот Инстаграм! Тој ја прекина долгата романса со Клои Морец во 2018 година, потоа беше гледан во друштво на модели, но неговата сегашна свршеница е актерка, Никола Пелц, а Бруклин е буквално луд по неа, за што сведочи и фактот дека тој го истетовирал нејзиното љубовно писмо на својот врат!!

Имено, како што можете да видите подолу, Бруклин се пофали со нова тетоважа на задниот дел од вратот. Таа содржи дури девет редови, а на крајот има потпис „твојата идна сопруга“. Кој друг би можеч да се потпише вака, освен Никола Пелц, актерката во која е заљубен.

Дека писмото е љубовно и романтично, потврди и Бруклин во описот на фотографијата, а на фотката можете да видите што пишува во писмото: „Мое вечно момче, прочитај го ова секогаш кога ќе се вознемириш. Сакам да знаеш колку си сакан. Имаш најчисто срце. Мојот ден никогаш нема да помине без твојата љубов. Ти си прекрасен. Знаеш дека можеме да надминеме сè, само да дишеме полека и да веруваме. Те сакам најмногу“, напишала Никола, а Бруклин го истетовирал сето тоа!

Како писмото да не е доволно, Бруклин над него направи и тетоважа со очите на Никол! Потоа, во следната објава на Инстаграм, тој го покажа и портрето на Никола, кој бил користен како модел за тетоважа.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: