Слика и прилика на мама: Иван Босиљчиќ со ќерката ја бодреше Јелена Томашевиќ од првите редови
Пејачката Јелена Томашевиќ вчера одржа голем концерт во српската престолнина, со поддршка од своите најблиски...
Една од омилените српски поп пејачки Јелена Томашевиќ вчера имаше концерт во Комбанк арената во Белград, а од првите редови поддршка ѝ даваа нејзините најблиски - сопругот и познат актер Иван Босиљчиќ и нивната 9 - годишна ќерка Нина.
Поради тоа што познатата двојка се труди ќерката да ја сокрие од очите на медиумите и јавноста и да ѝ овозможи нормално детство, немаме можност да ја гледаме Нина на вакви настани. Сега, тие одлучија дека е време и девојчето да ја бодри својата мајка од публика.
Како изгледаа Иван и Нина погледнете во продолжение:
фото: Инстаграм