Случајно го откри полот на бебето: Ријана ја уловија во продавница за детска облека (ФОТО)

Случајно го откри полот на бебето: Ријана ја уловија во продавница за детска облека (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Работите кои ѝ се потребни за бебето ги купува во продавница со нормални цени...

Популарната пејачка, дизајнерка и бизнис жена Робин Ријана Фенти (33) наскоро ќе стане мајка, а сега дојде и времето за купување на облека за бебето.

Откако со недели ја криеше веста за бременоста, убавицата од Барбадос и нејзиното момче, познатиот рапер АСАП Роки (33), кон крајот на јануаери потврдија дека ќе станат родители, а ѕвездата од тогаш постојано го покажува трудничкиот стомак.

Ријана не крие дека е возбена поради новата животна улога, а иако не го открива полот на бебе, медиумите тврдат дека е јасно дека таа очекува - девојче!

Имено, американските папараци пред неколку дена ја забележаа Ријана за време на шопингот во една продавница за детска облека. Иако таа од неодамна е милијардерка, Ријана одлучи работите за бебето да ги купи во една продавница со нормални цени, која е лоцирана во Лос Анџелес. Судејќи по фотографиите, Ријана била особено заинтересирана за боди  со здолниште во портокалова боја, поради што се шпекулира дека АСАП Роки и таа ќе добијат ќерка.


Како што пишуваат странските медиуми, таа пазарувала во продавницата по име „Target“, а модното парче кое ѝ го привлекло вниманието чини само 18 долари.

Инаку, таа во едно интервју неодамна истакна дека се радува на доаѓањето на „нив“, што некои го толкуваат како Ријана да очекува близнаци, а некои како да зборови неодредено, бидејќи не сака да наметне полот на своето бебе. Сепак, пејачката не се огласуваше дополнително по овие тврдења.

фото: Принскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: