Слушнете еден убав кавер: Саша Ковачевиќ јавно го пофали нашиот млад пејач
Младиот пејач Огнен Здравковски освен свои песни, често снима и кавери од познати песни на наши и регионални пејачи. Овој пат се одлучи да ја отпее една од најубавите балади на спрскиот заводник Саша Ковачевиќ, „Како после нас“.
За гласовните способнсти на Огнен нема потреба да се дискутира, бидејќи тој истите ги покажа уште во учеството во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, каде што често добиваше позитивни коментари од стручното жири. Но, она што е интересно е што овој пат доби јавна поддршка и позитивен коменар и од Саша, пејачот чија што песна отпеа.
„Слушнете еден убав кавер на песната „Како после нас“ од нашиот драг пријател Огнен“ - напиша Ковачевиќ на својот Фејсбук профил, каде што во прилог го објави и видеото на Огнен.