Снимија опасна шега за ТикТок, но завршија во затвор: Ова можеше да заврши трагично

Снимија опасна шега за ТикТок, но завршија во затвор: Ова можеше да заврши трагично

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Судот драконски ги казни

Потребата на младите да се експонираат на социјалните мрежи со разни шеги и измами, во последно време пред се‘ на „ТикТок“, заврши во овој случај со солзи за главниот лик на следното видео, но и за двајца негови соработници.

Судот во Казабланка го осуди на три години затвор, додека „споредниот актер“ и девојчето што ја сними таа сцена добија по две! Не е можно да се жалат на пресудата, затоа овие млади луѓе ќе поминат дел од своите најдобри години зад решетки.

Возачот на трамвајот доби обештетување од 40 илјади марокански дирами, а на социјалните мрежи се дискутираше дали казната навистина е соодветна за злосторството.


На неименувани млади им падна на памет да го запрат транспортот со трамвај, поставувајќи маса на патеката за млад човек да пие кафе.

Возачот во последен момент успеа да закочи, но она што авторите го сметаа за смешно, судот, меѓу другото, го опиша како загрозување на патниците и зеде предвид дека возачот можеше да остане со траума во текот на животот, доколку се случи трагедија.


Фото и Видео: Youtube


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: