Со еден потег осигурете се, штедете и оплодувајте ги своите средства
Животот е единствен за секого, бесценет и прекрасен. Ако минатите моменти го облагородуваат, идните чекаат да бидат создадени, а што ќе испишеме и каква приказна ќе создадеме, зависи лично од нас. Можеме да го збогатиме со единствени моменти и со содржини што ќе си ги создадеме. Дали тоа ќе бидат патувања во егзотични дестинации, обнова на домот, покомфорен живот или школување на децата, сите големи планови можеме да ги реализираме и со тоа да си создадеме идни скапоцени животни моменти.
Колку порано ќе почнете да размислувате за иднината и дел од парите да издвојувате за животно осигурување, толку полисата ќе биде поповолна, а акумулираните средства со текот на годините можат да ви послужат за остварување разни желби. Кога станува збор за животното осигурување, штедењето и сигурноста се најважни. Штедејќи, инвестираме во поубава иднина и обезбедуваме финансиска сигурност за нас и за нашето семејство. Постојат различни можности за штедење, а еден од најсигурните, со кој не само што се создава заштеда туку и се осигурувате од несакани последици, е животното осигурување.
Со цел повеќе да уживате во животот потребни се средства за да ги исполните сите планови и да создадете ексклузивни моменти. Животот можете да го осигурите само со еден потег, да штедите за идните планови и да ги оплодувате средствата. Компанијата Кроациа осигурување овозможува единствена понуда - Ексклузив осигурување на животот, што претставува ексклузивна полиса за животно осигурување, со која освен што го осигурувате животот сега, преку штедењето и оплодувањето на средствата добивате можност да ги остварите сите моменти што ги посакувате и за кои цел живот сонувате.
Ексклузив осигурувањето на животот претставува посебен и единствен производ бидејќи на осигуреникот му овозможува повеќе придобивки и поголема осигурена сума во однос на уплатената премија (во висина од 9 до 37 отсто). Со оваа полиса обезбедувате временски и просторно осигурување, сигурна исплата на вложените средства, финансиска сигурност за себе и за семејството, а заштедувате и средства што се сигурен капитал за разните животни приоритети. Осигурувањето вклучува брза исплата на осигурената сума при настанување осигурен случај и сами го одбирате корисникот на средствата ако нешто ви се случи вам.
Полисата е достапна за лица од 14 до 65 години и со траење на осигурувањето од 10 до 25 години, со што се овозможува создавање толку значаен и потребен капитал за сигурни и обезбедени пензионерски денови. Исто така, оваа полиса е достапна и за деца од 1 месец до 13 години. Овозможена е еднократна уплата на премијата за целиот осигурителен период, а минималната уплата на премијата е 1000 евра за деца до 13 години и 2500 евра за осигуреници од 14 до 65 години.
Овој тип осигурување нуди можност и за вклучување дополнителни осигурувања, меѓу кои се: дополнително осигурување од незгода, дополнително здравствено осигурување од тешки болни состојби, дополнително здравствено осигурување од малигни болести, дополнително здравствено осигурување во случај на оперативни зафати и дополнително ризико осигурување. Полисата опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од ковид-19.
* ПР - објава